top of page

ДРЖАВНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ - БИТОЛА

Државно музичко училиште -место каде вашите желби и талент прераснуваат во реалност.

Violinist

ЗА НАС

Историјат

Основното музичко училиште е формирано на 17-02-1947 година со одлука на Народната влада на Р. Македонија. Започнало да работи само со едно пијано, две труби и неколку виолини. Прв управител бил Велко Петровски- Паскали. Првата генерација наставници- Елпида Христиди, Елисавета Савченко, Афродита Караџиќ, Михајло Мајковски, Ѓорѓи Османли, Никола Савченко, Таки Христиќ, Методија Светиев, Милан Спиридонов ги одржаа првите часови, со што официјално започна организираното музичко образование во Битола.
Динамичниот развој и големиот интерес, доведува до формирање на Средно музичко училиште во 1962 година со новите педагози Василка Куновска, Роза Симјановска, Павлина Сидовска. Вистински подем доживува наредната 1963 година со доаѓањето на првите дипломирани пијанисти – Милица Шперовиќ, Јасминка Чакар, Јелица Митревска, како и високообразовните кадри – Михајло Николовски, Петар Сидовски, Димче Стојановски, Кирил Петков.
Традицијата на  успеси и признанија продолжува и денес со учество на многу државни и меѓународни натпревари. Битолското музичко училиште се покажа како расадник на одлични музичари, инструменталисти, теоретичари, хористи, солисти и професори.

drzavno uciliste bitola.png

ОГЛАСНА ТАБЛА

29104371_10215380352604967_6532892114756304896_n.png

КОНЦЕРТ ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ -
ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

7 март, 2018 година

Традиционално трета година по ред, Државното музичко училиште од Битола организира концерт по повод 8-ми март, Денот на жената. На концертот учество земаа ученици од основното музичко училиште.

01.jpg

75 ГОДИНИ ОД ХОЛОКАУСТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

11 Март 2018

На ден 11.03.2018 година, Државното музичко училиште од Битола по повод 75-годишнината од Холокаустот на Евреите од Македонија, зеде учество на таканаречениот „Марш на живите“ каде учествуваа дел од наставниот кадар и учениците. На свеченоста со дипломатијата, настапија Игор Милевски - професор по виолина и Татјана Божиновска - професор по пијано.

Piano Lesson

“Битолското музичко училиште е расадник на музички таленти.”

КОНТАКТ

17439662_10154759058404213_1714791901_n.jpg

Булевар 1-ви Мај 110, 7000 Битола, Р. Македонија

+389 47 224 766

Thanks for submitting!

  • Facebook

Булевар 1-ви Мај 110, 7000 Битола, Р. Македонија

©2018 BY ДРЖАВНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ - БИТОЛА. PROUDLY CREATED WITH WIX.COM

bottom of page