КОНЦЕРТ НА НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД КЛАСИТЕ ПО ПИЈАНО
- dmubitola
- May 11, 2018
- 1 min read
Овој четврток, на 10 мај, во малата сала при Центарот за култура во Битола, Државното музичко училиште од Битола организираше целовечерен концерт на пијано, каде учество зедоа младите пијанисти, ученици од основното и средното училиште во Битола, добитници на награди на меѓународните и државни натпревари кои се одржаа неодамна во Скопје, Ниш, Софија и Белград. Концертот беше исполнет со богата програма и проследен со големо внимние од страна на многубројната публика која со овации ги поздрави младите пијанисти.






















Comments